Search

Тадиќ ќе ги бојкотира паламентарните, ама ќе излезе на локалните избори во Србија

Поранешниот српски претседател и лидер на Социјалдемократската партија (СДС), Борис Тадиќ, изјави денеска дека неговата партија ќе излезе на локалните избори во белградската општина Врачар во коалиција со Новата партија на Зоран Живковиќ и Движењето на слободни граѓани (ПСГ)) на Сергеј Трифуновиќ, на листата „Да го ослободиме Врачар”.

Како што јави допсиникот на МИА од Белград, Тадиќ на прес-конференција изјави дека таа партија останува на одлуката да ги бојкотира парламентарните избори.

Од друга страна, со учество на локалните избори, СДС не сака на Српската напредна странка (СНС) да ги остави „на милост и немилост” граѓаните кои се директно зависни од локалната власт.

Тадиќ изјави дека на локалните избори на 21 јуни, опозициските партии мора да се изборат за „острови на слободата” во градовите и општините каде можат да победат.

Поранешниот шеф на државата оцени дека „режимот на Александар Вучиќ може да биде соборен само на претседателските избори”, поради што ќе се залага опозицијата на тие избори да има еден кандидат.

Со реакција се јави лидерот на движењето Двери, Бошко Обрадовиќ од Сојузот за Србија, кој оцени дека најавата на СДС, Новата партија и на ПСГ да излезат на локалните избори во Врачар е „несериозна одлука” која може да предизвика понатамошно неединство во опозицијата.

-Тоа е малку несериозно на 25 дена пред изборите. Ние порано разговаравме за тоа, но заклучивме дека е важен политичкиот принцип. Ако го потпишавме договор со народот и ако се обврзавме, тогаш важно е да останете на тоа и така да ја заслужите довербата на граѓаните, изјави Обрадовиќ.

Тој оцени дека е очигледно дека бојкотот е нешто со кое власта има проблем и добар начин на кој опозицијата може да се избори за своите принципи во врска со слободата на медиумите и изборите.

-Не ми се допаѓа таа најава на Борис Тадиќ дека тој ќе се врати во некој нов филм. Бидејќи ако тој филм се сведе на одбраната на Врачар, тоа е несериозно, кажа Обрадовиќ. 

Треба да знаете
Последни објави