Search

Тадиќ го зграпчи Елмас за шија и заработи црвен картон

Италијанскиот фудбалски калчолигаш Наполи сигурно гази на почетокот од новата сезона. Тоа Наполи го демонстираше и на меѓународната сцена, кога синоќа го растури Ајакс во Амстердам, победувајќи го 6:1. Македонскиот репрезентативец од редовите на Наполи, Елиф Елмас го одигра последниот половина час од натпреварот, а во 73. минута беше во главна улога кога предвреме во соблекувалната беше испратен капитенот на Ајакс, српскиот интеранционалец Душан Тадиќ.

Тадиќ во еден дуел го зграпчи Елмас за шија и заработи втор жолт картон по што автоматски следуваше и црвен. Бројчаната предност до крајот на мечот Наполи ја искористи да постигне уште еден гол.

Наполи по три кола во ЛШ има максимални три бода и е пред Ливерпул со шест и Ајакс со три бода, додека е лидер на табелата и во Серија А со 20 бодови по осум одиграни меча.

Треба да знаете
Последни објави