Search

„Таа е најдобра“, Адам Сендлер за Џенифер Анистон

Џенифер Анистон го искористи еден од најголемите моменти во својата кареира да му оддаде почит на добриот пријател и колега Адам Сендлер.

А 53-годишниот актер на слаткиот повик на пријателката одговори на еднакво симпатичен начин, пишува британски „Дејли мејл“.

Џенифер Анистон, која беше прогласена за најдобра актерка во категоријата драма на доделувањето на филмските награди САГ во неделата вечерта, својот говор го заврши со пофални зборови за Сендлер.

Ѕвездата на Били Медисон, Адам Сендлер, не заработи номинација на овој настан ниту, пак, од Академијата… која минатата недела ги објави номинациите за престижната награда „Оскар“, иако неговиот настап во Uncut Gems доби одлични оценки од критичарите.

Џенифер својот говор го заврши велејќи: „Твојата изведба е извонредна, а твојата магија е реална. Те сакам, пријателе“.

Адам бргу реагира на зборовите на својата пријателка и на „Твитер“ напиша: „Честитки за големата Џен Анистон за нејзината награда САГ, таа, едноставно, е најдобра“.

Анистон доби признание за својата работа во The Morning Show, а таа се чинеше многу изненадена додека се обраќаше пред публиката на 26. годишна манифестација што се одржа во Лос Анџелес во неделата вечерта.

Поранешната ѕвезда на „Пријатели“ се соочи со тешка конкуренција во категоријата бидејќи триумфира над Хелена Бонам Картер („Круната“), Оливија Колман („Круната“), Xоди Комер („Убивајќи ја Ева“) и Елизабет Мос („Приказна за слугинката“).

Партнерството Анистон-Сандлер е успешно имајќи предвид дека нивниот филм Murder Mystery заработи најмногу стримови на „Нетфликс“ минатата година.

Комедијата во која главните улоги ги толкуваат Анистон и Сендлер, со 73 милиони прегледи се најде на врвот на листата на „Нетфликс“ за најгледани наслови во 2019 година. Филмот го собори рекордот на гледаност на стриминг-сервисот во првите три дена од прикажувањето.

Треба да знаете
Последни објави