Search

Сè повеќе вработени Американци се убиваат

Бројот на самоубиства меѓу американските работници е значително зголемен, а најголема стапка на самоубиства има кај мажите во градежната и рударската индустрија, односно кај жените кои работат во секторот забава и медиуми, покажуваат резултатите од истражувања спроведени од страна на американските власти.

Од 2000 до 2016 година, стапката на самоубиства меѓу Американците на возраст од 16 до 64 години се зголемила за 34 отсто од 12,9 смртни случаи на 100.000 луѓе, на 17,3, според студијата на Центарот за контрола и превенција на болести.

Највисока стапка на самоубиства кај мажите е забележана во секторите градежништвото и рударството од 43,6 смртни случаи на 100.000 работници во 2012 година на 53,2 смртни случаи во 2015 година, се вели во анализата. Највисока стапка на самоубиства меѓу жените има во секторот забава, медиуми, дизајн и уметност од 11,7 смртни случаи на 100.000 вработени во 2012 година на 15,6 смртни случаи во 2015.

„Со оглед дека поголемиот дел од возрасните минуваат многу време на работа, работното место е важен дел на кој може да се влијае на превенцијата од самоубиства“, вели коавторката на студијата Дебра Стоун за „Си-ди-си“ во Атланта.

Научниците истакнуваат дека недостатокот на контрола во работењето и недостатокот од чувство на сигурност на работното место може да бидат фактори кои ги зголемуваат изгледите за самоубиство.

Исто така многу фактори надвор од работното место може да влијаат врз ризикот од самоубиство, вклучувајќи ги односите со партнерот, употребата на дрога, физичкото и ментално здравје, како и финансиските проблеми.

Треба да знаете
Последни објави