Search

Сajмон Коуел го принудува синот да носи маска за да спречи корона вирус

Шефот на „Икс фактор“е преплашен од смртоносниот вирус со потекло од Вухан (Кина) кој досега зарази над 71.000 луѓе, од кои 1.770 починаа.

Сајмон Коуел, креаторот на многу успешни реалити формати, како што се „Икс фактор“ и „Америка бара талент“ го принудува шестгодишниот син Ерик да носи медицинска маска кога ќе патуваат во Дизниленд Париз следниот викенд.

Во изјава за talkRADIO, Сајмон (60) рече: „Преплашен сум од вирусот. Носам маски веќе долго време.“

„Кога возам велосипед низ градот, јас ноасм маска. Но, следниот викенд ќе го носиме Ерик во Дизниленд Париз, и кога ќе бидеме во воз сите ќе носиме маски.“

„И ќе носиме цел пакет средства за дезинфекција на раце бидејќи вирусот ме плаши. Не би сакал да бидам на крстарење сега. Толку многу луѓе заглавени во крузер. Зошто не ги симнаа од бродот и не ги ставија во соодветна болница, навистина неверојатно. Никаде не би одел во моментов.“

Сајмон почна сериозно да го сфаќа своето здравје и од неодамна е на растителна диета. Тој се откажа од продукти од животинско потекло откако откри дека исхраната без животински продукти му дава повеќе енергија.

 

Треба да знаете
Последни објави