Search

СЈО должи за струја и кирија стигаат опомени и за други сметки

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се дави во долгови. Иако има пари на сетка нема кој дапотпише за да се подигнат бидејќи екс шефицата Катица Јанева заврши зад решетки и беше разрешена од функцијата. Па така, вработените веќе два месеци не земале плата, поради што немаат ниту здравствено осигурување, а СЈО должи и неколку илјади евра за тековни трошоци. Односно, имаат по две неплатени сметки за струја, вода, парно, интернет и телефон, а должат и за кирија, бидејќи просториите во кои се сместени се земени под закуп од ЕВН.

Засега на повидок нема решение како да се исплатат платите и да се подмират трошоците, бидејќи само со закон овие надлежности на Јанева би можел да ги превзеде републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Вакви законски измени се предложени, но пратениците од ДУИ инсистирале овие измени да одат во пакет со Законот за јавното обвинителство, кој пак е блокиран поради несогласување на власта и опозицијата.

Инаку, обвинителите кои беа дел од тимот на СЈО, веќе одреден период се вратени во старите обвинителства од каде што дојдоа, но ова е само на хартија, бидејќи сѐ уште на работа одат во просториите на СЈО, каде што се наоѓаат и предметите за кои и понатаму се надлежни.

Треба да знаете
Последни објави