Search

Суспендирањето на британскиот парламент е незаконско, пресуди судот

Суспендирањето на парламентот од страна на британскиот премиер Борис Џонсон е незаконско, пресуди највисокиот граѓански суд на Шкотска. Комисијата од тројца судии во Судскиот суд се најде во корист на меѓупартиска група политичари, кои го предизвикуваат потегот на премиерот.

На овој начин се поништува претходната судска одлука, според која, Џонсон не го прекршил законот со тоа што го суспендирал парламентот. Но, како што пренесуваат британските медиуми, тоа нема веднаш да влијае на моменталната суспензија на парламентот, која започна вчера во утринските часови. Ова е затоа што судот не издал наредба да ја откаже суспензијата пред целосното рочиште во Врховниот суд што започнува во вторник следната недела.

„Според тоа, Судот ќе донесе Уредба во која ќе се изјасни дека советите на Премиерот до Кралицата и пророгацијата што следувале по него, биле незаконски и затоа е ништовен и нема никаков ефект“ се вели во судскската изјава.

Нивната целосна пресуда ќе биде објавена во петок.

Треба да знаете
Последни објави