Search

„Суперхикс“ со нов спот во пресрет на концертот по повод 25 години постоење

Позната инструментална банда „Суперхикс“ на трети март во Младинскиот културен центар во Скопје ќе одбележи 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, во сега веќе далечната 1994 година.

Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне хитовите „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и многуте други.

Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, „Суперхикс“ го негуваат и во „Модерна љубов“. Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.

На овој начин, „Суперхикс“ се враќаат, верни на својот стил, пред одбележувањето на својата 25 годишнина.

Од групата информираат дека картите за настапот во МКЦ се на работ на распродавање и повикуваат оние кое сакаат да присуствуваат на шоуто да побрзаат со набавката на истите.

Треба да знаете
Последни објави