Search

Суперталент со гол стомак сака да заработи 100 000 евра

Стефан Чоне (63) е ѕвезда на германскиот „Суперталент“, а годинава се појави во сексапилна женска долна облека.

Стефан веќе неколку години се обидува да ја добие главната награда од 100 000 евра, но тоа никако не му поаѓа од рака. Чоне годинава се обиде да ги измами членовите на жирито, на кои им е добро познат, и се маскираше како вработен во „Суперталент“ кој носи освежителни пијалаци за жирито и кандидатите. Стефан се појавува во германското шоу од 2009 година, но никогаш не го поминал првиот круг. Неговата куќа изгоре во пожар во јануари оваа година, и, како што вели, паричната награда добро би му дошла. Меѓутоа, членовите на жирито не беа наклонети кон Стефан, кој секоја година одново ја шокира публиката со својот изглед.

Моите познати мустаќи ги наследив од татко ми. Тие се семејна традиција”, изјави Стефан за „Билд“, објаснувајќи дека од татко му  ја наследил и желбата да ја забавува публиката.

Татко ми секогаш работеше на семејни забави, свадби и родендени. Со 40 години сфатив дека сакам да бидам како него и на сите да им го покажам стомакот“, ја објасни Стефан својата точка и рече дека тој ја избрал црвената боја на долната облека затоа што во продавницата му кажале дека е модерна.“

 

Треба да знаете
Последни објави