Search

Супермен прикажан како бисексуалец, ама не е Кларк Кент

Новиот супермен сега ќе биде бисексуалец.

Сегашниот суперхерој на DC Comics, Џон Кент, син на Кларк Кент и Лоис Лејн, открива дека го привлекуваат и мажи и жени во изданието на стрипот „Супермен: Син на Кал-Ел“ од 9 ноември.

Писателот Том Тејлор рече за развојот: „Отсекогаш сум велел дека на сите им требаат херои и секој заслужува да се гледа себеси во своите херои, и јас сум им многу благодарен на DC и Warner Bros што ја споделуваат оваа идеја.“

„Симболот на Супермен отсекогаш претставувал надеж, вистина и правда. Денес, тој симбол претставува нешто повеќе. Денес, повеќе луѓе можат да се видат себеси во најмоќниот суперхерој во стриповите”.

Треба да знаете
Последни објави