Search

Суперкупот на Шпанија може да не се игра во Саудиска Арабија

Форматот и датумите на следниот фудбалски Суперкуп на Шпанија ќе останат непроменети, но местото на одржување може да се промени.

Турнирот е закажан за 13-17 јануари и ќе се одржи со учество на четири екипи – шампионот во Ла Лига, Реал Мадрид, второпласираната Барселона, како и Атлетик и Реал Сосиедад, кои, поради коронавирусот, сè уште го немаат одиграно финалето Куп на Шпанија.

Минатата сезона Суперкупот на Шпанија се одржа во Саудиска Арабија и заврши со триумф на Реал Мадрид. Овој пат, турнирот може да биде попречен од фактот дека земјата сега има забрана за посета на натпревари со гледачи.

Суперкупот може да се одржи во Шпанија, пренесува „Радио Марка”.

Договорот на Кралската шпанска фудбалска федерација со Саудиска Арабија изнесува  120 милиони евра и е со важност од три години.

Треба да знаете
Последни објави