Search

Сумамед само на рецепт поради големата побарувачка

Антибиотикот азитромицин, односно лекот  Сумамед  на хрватска „Плива“ ќе биде повлечен од слободна продажба и од сега ќе се издава само со рецепт и на товар на Фондот за здравство поради тоа што се купувал во огромни количини, по вестите дека помага во лекувањето на коронавирусот.

Веста ја потврдија од  Министерството за здравство, од каде велат дека на глобално ниво терапиите против ХИВ и САРС се покажале дека имаат ефект во лекувањето на пациенти заразени од Ковид-19. Сепак, според информациите од Министерството за здравство, исто така се покажало дека овие терапии не делуваат подеднакво ефикасно кај сите пациенти.

Според информациите од МЗ обезбедена е доволна количина на лекови кои исто така се покажале дека имаат ефект, тоа е сумамедот и антималаричен хидроксихлорокин.

Треба да знаете
Последни објави