Search

Султанот од Брунеи ја одложи смртната казна за хомосексуалците

Султанот од Брунеи, Хасанал Болкија го продолжи мораториумот за смртна казна за хомосексуалците и за оние кои ќе извршат прељуба, во обид ги ублажат негативните реакции кои се појавија во јавноста, а кои ги предводат познати личности како Џорџ Клуни и Елтон Џон.

Оваа мала држава во Југоисточна Азија предизвика глобална осуда кога на 3 април објави свое толкување на шеријатските закони според кое содомија, прељуба и силување ќе се казнуваат со смртна казна со каменување, а ќе се отсекуваат рацете за кражба.

Во Брунеи, за некои кривични дела веќе е воведена смртна казна. Се работи за убиство со умисла и за криумчарење наркотици, но од 1990 година немало егзекуции.

Министерството за надворешни работи на Брунеи претходно тврдеше дека воведувањето на шеријатските закони има цел да превенира, а не да казнува, по острите критики од светот поради воведувањето на строгите исламски закони.

Според новите закони, прељубата и сексот помеѓу двајца мажи се казнува со каменување до смрт. Брунеи соопшти дека во рамките на законот ќе има висок праг за докази, што укажува дека казната ќе биде ретка.

Треба да знаете
Последни објави