Search

Суд во Боливија му забрани на Моралес да се кандидира на изборите за Сенатот

Боливиски суд ја отфрли кандидатурата на поранешниот претседател на државата Ево Моралес за претстојните избори во Сенатот затоа што тој не живее во земјата. Тој таквиот потег го нарече „удар врз демократијата”.

Претседателот на Врховниот  трибунал во Боливија, Салвадор Ромеро, рече дека одлуката не може да биде обжалена, но додаде дека Моралес „може да се обиде (да ја смени пресудата) со кој било судски процес што тој смета дека е соодветен”.

Лидерите на партијата на Моралес Движење за социјализам се очекува да поднесат жалба до Уставниот суд.

Моралес, кој поднесе оставка во ноември и ја напушти земјата по масовните протести, му е забрането да се кандидира за претседател, но сакаше да се кандидира за место во Сенатот.

„Ова е удар врз демократијата. Членовите на Врховниот трибунал за избори знаат дека исполнувам услови да бидам кандидат”, објави на Твитер Моралес од Аргентина каде доби азил.

Треба да знаете
Последни објави