Search

Судскиот совет ќе го испита постапувањето на скопска апелација за Еуростандард

Судскиот совет ја известува јавноста дека, како и во многу други предмети, така постапува и по предметот со штедачите во Еуростандард банка заведен под број ТСЖ.бр.1554/2021, за кој неодамна Апелациониот суд Скопје донесе одлука.

-Со оглед дека во јавноста се појавија информации поврзани со случајот, поконкретно дека советот на Апелациониот суд донел одлука за еден ден во врска со жалбата на групата штедачи, Судскиот совет информира дека се преземаат мерки за утврдување на фактичката состојба. Координаторот за Апелационен суд Скопје, од редовите на Судскиот Совет, на денешната седница беше задолжен да го испита предметот и начинот на постапување од страна на Советот на Апелациониот суд Скопје велат од Советот.

Треба да знаете
Последни објави