Search

Судот ја забрани продажбата на книгата на Стојан Андов, „До атентатот и по него“

Основниот суд Скопје 2 донесе мерка за изрекување времена мерка забрана за продажба на книгата „До атентатот и по него” на поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов.

 

Забраната следи по тужбата на ексминистерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски поради имплицирана негова вмешаност во атентатот на Киро Глигоров и поради повреда на личните права.

Според адвоктите на Фрчкоски, книгата содржи шокантно клеветничка содржина, од најексплицитен вид досега напишана, со која е извршена тешка повреда на личните права на тужителот, повреда на неговиот чест и углед како граѓанин.

 

Треба да знаете
Последни објави