Search

Судот го отфрли барањето на Трамп за повторно судење на Стоун

Федерален судија на САД го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп повторно да му се суди на неговиот близок пријател Роџер Стоун.

Судиката Ејми Берман Џексон наведе дека адвокатите на одбраната не доставиле основи за ново судење или која било друга причина за да се верува дека дошло со сериозно нарушување на правдата.

Трамп вчера во Белата куќа не одговори на прашањето на новинарите дали размислува за помилување на Стоун, кој минатата година беше прогласен за виновен за лажење во Конгресот, опструкции и злоупотреба на сведоци.

Казната на Стоун ќе му биде изречена следната недела. Обвинителот бара казна од седум до девет години затвор.

Стоун ги негираше сите обвиненија, наведувајќи дека постапката против него е политички мотивирана.

Треба да знаете
Последни објави