Search

Судот го одби барањето за издавање на времени пасоши на Камчев и Панделески

Основниот кривичен суд во Скопје го одби барањето за давање согласнот за издавање на пасоши со ограничен рок на важење за Јордан Камчев и Цветан Панделевски, кои се обвинети во случајот „Империја”.

– Заради интерес на медиумите околу барањето за издавање пасош со ограничен рок на важење за Ј.К. и Ц.П. опфатени во предметот во јавноста познат како „Империја”, ја информираме јавноста дека и Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Од судот информираат дека за одлуката веќе се известени странките во постапката.

Треба да знаете
Последни објави