Search

Судот во Лондон ја одби жалбата на Џони Деп во случајот клевета

На Џони Деп му е одбиена жалбата во случајот за клевета против таблоидот „Сан“, кој неодамна го изгуби откако судот одлучи да ја отфрли тужбата.

57-годишниот актер презеде правна акција против британскиот весник откако го нарекоа тепач на жена кој физички ја нападнал тогашната сопруга Амбер Херд, но судијата пресуди во корист на „Сан“ на почетокот на овој месец, и ја отфрли тужбата на Деп за клевета.

Во тоа време, адвокатскиот тим на Деп најави дека ќе се жали на одлуката, но во средата, судијата ја одби нивната првична жалба со објаснување дека случајот нема „разумна перспектива за успех“.

Британскиот дневен весник „Тајмс“ наведува дека ѕвездата на „Пиратите од Карибите“, исто така, мора да плати 628.000 фунти правни трошоци на сопственикот на „Сан“, News Group Newspapers.

Ако адвокатскиот тим на Деп сака да продолжи со нивното барање за жалба, тие сега мора случајот да го предадат на Апелациониот суд.

Треба да знаете
Последни објави