Search

Судот во Гибралтар ја продолжи заплената на иранскиот танкер за 30 дена

Судот во Гибралтар ја продолжи заплената на иранскиот танкер за нафта за 30 дена, објави „Франс прес“, цитирајќи го јавниот обвинител на Гибралтар. Според агенцијата, налогот за одобрување на заплената на танкерот може да се продолжи до 90 дена.

„Со нетрпение очекуваме да продолжиме конструктивно и позитивно да работиме со официјални претставници на Иран за да го олесниме ослободувањето на „Грејс 1“ во согласност со сите законски барања”, рече главниот министер на Гибралтар, Фабијан Пикардо.

На 4 јули, супертанкерот „Грејс 1“ беше запленет на Гибралтар под сомневање дека превезува нафта за преработка во Сирија.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, и секретарот за надворешни работи на Велика Британија, Џереми Хант, разговараа за ова прашање претходно неделава, при што Зариф го повика Лондон да го ослободи танкерот. Тој, исто така, истакна дека Техеран ќе го продолжи извозот на нафта под секакви околности.

Хант, од своја страна, рече дека „Грејс 1“ ќе биде ослободен откако Иран ќе даде гаранции за неговата крајна дестинација.

Четворицата членови на екипажот беа ослободени со кауција претходно овој месец откако беа сослушани.

Треба да знаете
Последни објави