Search

Судовите во Русија добија повеќе дојави за поставени бомби

Судовите во Москва и Санкт Петербург денес се евакуирани поради анонимна дојава за поставени бомби.

Во Москва беа евакуирани осум судови, а во Санкт Петербург шест судови, пренесува ТАСС.

Серијата анонимни дојави започна минатата недела и сите се покажаа лажни.

Во Москва и Санкт Петербург, непознати лица бараа награда во биткоини, но се испостави дека дојавите се лажни. Повиците биле од странство, најверојатно од Украина.

Треба да знаете
Последни објави