Search

Судијата Седат Реџепагиќ решава дали Јанева ќе оди во притвор

Судијата на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје, Седат Реџепагиќ, ќе реши дали Катица Јанева ќе заврши во притвор, како што предлага Вилма Русковска по денешното проширување на истрагата за случајот „Рекет“.

Останатите судии на претходна постапка кои работат на предмети од организиран криминал се на одмор, па за барањето за притворање на Јанева решава Реџепагиќ.

Неговото име се спомнува во еден од аудио-разговорите меѓу Јордан Камчев и Боки 13, кои се дел од истрагата за „Рекет“, при што Камчев му вели на Боки 13 дека постапил како што го советувал и дека извесно барање поднел на ден кога на одмор е судијката Весна Димишкова, а на смена е Седат Реџепагиќ.

Целиот линк погледнете го тука: https://360stepeni.mk/sudijata-sedat-redhepagik-reshava-dali-janeva-ke-odi-vo-pritvor/

Треба да знаете
Последни објави