Search

Судијата го продолжи притворот за напаѓачот од Утрехт

Холандски судија во петокот го продолжи за две недели притворот на осомничениот за пукањето во кое неделава загинаа три лица во градот Утрехт.

37-годишниот Гокмен Танис, роден во Турција, е обвинет за пукање во трамвај со терористички намери, додека властите исто така испитуваат дали имал и друг личен мотив.

Обвинителите веруваат дека Танис имал радикална идеологија и дека не постојат докази за каква било врска меѓу него и жртвите.

Танис, кој во последниве неколку години бил осуден за нелегално поседување оружје, крадење и провала, а во јули треба да се појави на суд и за обвиненија за силување, најверојатно дејствувал сам.

Премиерот на Холандија, Марк Руте се очекува да се приклучи на маршот низ Утрехт денес вечер, во чест на жртвите што беа убиени во нападот.

Според Окружниот суд во Утрехт, судијата пресудил дека на Танис му е дозволено да комуницира само со својот адвокат.

Треба да знаете
Последни објави