Search

Судир на минибус и пикап во Пакистан, 13 загинати

Најмалку 13 лица загинаа денес во судир на минибус и пикап кој пренесувал бензин во југозападен Пакистан.

Полицијата соопшти дека во пикапот се наоѓал бензин шверцуван од соседен Иран во пластични канти.

Судирот се случил на 75 километри северно од Кета, главниот град на провинцијата Балучистан, по што во минибусот избувнал пожар.

Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

Балучистан се наоѓа на главната шверцерска рута, забележува АП. Се граничи со Иран, од каде што се шверцува гориво заради значајната разлика во цената во двете земји.

Треба да знаете
Последни објави