Search

Судир меѓу Пленковиќ и Вучиќ во Женева

Земјите од Западен Балкан имаат надежи во хрватското претседавање со Советот на ЕУ и добивање позитивен одговор од Европскиот совет за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија до загрепскиот самит во мај, беше оценето на денешниот собир во Женева, посветен на европската перспектива на балканските држави.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека Хрватска има намера да им помогне на своите соседи и оти би било „идеално да се постигне консензус” за отворање преговори со Скопје и Тирана до мај.

– Ние не сме претeрани оптимисти, а ниту големи ентузијасти. Но тој процес мора да се движи понатаму. Без таа перспектива не можеме да сметаме на забрзан економски развој, вистински демократски вредности и соработка, а согласно на тоа, и натамошно јакнење на стабилноста и безбедноста на нашето непосредно соседство, потенцираше Пленковиќ.

Тој се осврна и на споменикот на генералот од редовите на ЈНА Младен Братиќ, кој ја предводеше офанзивата на Вуковар за време на војната за независност на Хрватска.

Пленковиќ најави дека Хрватска ќе упати официјална протестна нота до Србија, потенцирајќи дека истото му го кажал и на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој дополни дека Вучиќ е повикан во посета на Загреб, а дали ќе дојде треба самиот да одлучи.

Реакција веднаш следуваше и од српскиот претседател, кој праша зошто во Хрватска има имиња на улици на луѓе кои се осудени за тероризам во Шведска. – Како на хрватските новинари не им е срам да ме прашаат за тоа, а имате улица Миле Будак? А дали ќе дојдам во Загреб ќе одлучам набрзо, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави