Search

Судир меѓу навивачите на Динамо и Хајдук, приведени 20 лица

Пред почетокот на натпреварот меѓу Динамо и Хајдук на Максимир, полицијата приведе 20 лица, од кои 10 поради тепачка, а 10 поради пијанство.

Во 14 часот фанови од двете навивачки групи се судриле во близина на стадионот. Полицијата реагирала за да спречи поголем инцидент при што биле приведени 10 лица. Пред почетокот на натпреварот поради пијанство биле приведени деветмина Хрвати и еден словенечки државјанин. Половина час пред почетокот на натпреварот на влезот на стадионот започнала турканица, по што интервенирала полицијата.

Треба да знаете
Последни објави