Search

Судењето на Никола Саркози продолжува в понеделник

Судењето во предметотна „прислушување” во кој му се суди и на поранешниот француски претседател Никола Саркози, продолжува в понеделник, откако беше одбиено барањето за неговото одложување, јави дописникот на МИА.

Судењето на Никола Саркози беше прекинато минатиот понеделник, но откако денес Парискиот кривичен суд го отфрли барањето за одложување, од здравствени причини, на еден од неговите обвинети Жилбер Азибер, (73 години), тоа ќе продолжи идниот понеделник.

Медицински експерт утврдил дека Жилбер Азибер, бил способен да се појави, судот го одбил неговото барање за одложување и му наложил да се појави „лично” во понеделник во 13:30 часот, пред повторно да го прекине рочиштето до овој датум.

Во овој предмет, за прв пат во Франција му се суди на поранешен француски претседател, поради обвиненија за корупција и вршење илегално влијание врз судството, Никола Саркози, ризикува максимална казна затвор од десет години. Обвинението го товари 65-годишниот Никола Саркози, неговиот адвокат Тјери Херцог и поранешниот висок судски функционер Жилбер Азибер  за корупција и нелегално вршење влијание врз судството, поради што ризикуваат десет години затвор и парична казна од еден милион евра.

Треба да знаете
Последни објави