Search

Судан ќе го испорача Омар ал Башар на Трибуналот за воени злосторства

– Преодните власти и бунтовничките групи во Судан се согласија да го предадат поранешниот претседател Омар ал Башир на Меѓународниот кривичен трибунал за воени злосторства, јави Би Би Си.

– Правдата не може да биде постигната доколку не ги залечиме раните, изјави владиниот портпарол Мохамед Хасан Елтаиш. – Се согласивме дека за секого за кого постои налог за апсење од Трибуналот ќе биде процесуиран до Судот за воени злосторства.  Ова го кажувам многу јасно, потенцираше портпаролот.

Судот го бара Ал Башир, кој минатата година беше соборен од војската под обвинение за злосторства против човештвото и геноцид извршен во конфликтот во Дарфур.

Откако беше соборен во април, тој е затворен во главниот град на Судан, Картум, под обвинение за корупција и убиство на демонстранти.

Треба да знаете
Последни објави