Search

Судан остана без струја

Суданското Министерство за електрификација објави прекин на напојувањето со струја во целата држава, јави Ал Арабија.

Техничари и инженери се обидуваат да ги поправат дефектите во системот за пренос на струја. Тоа е четврти по ред прекин за две години на напојувањето со струја во целата држава.

Судан и Египет реализираат заеднички проект за изградба на заедничка електро-мрежа со моќност од 300 мегавати.

Треба да знаете
Последни објави