Search

СУГС „Владо Тасевски“  –  заслужено на врвот меѓу скопските средни училишта

 

Велат дека добриот глас далеку се слуша.  А, судејќи по резултатите од првите две пријавувања во првиот уписен рок, нашиот тим е на вистинскиот пат.

Во понеделник, на 29 јуни, е третото пријавување од првиот уписен рок. Училиштето верува дека во понеделник ќе подвлече линија и максимално ќе ги пополни своите капацитети и дека учебната 2020/2021 ќе ја започнат задоволни што се исполнети сите планови и проекции и што нивната мисија конечно станува реалност!

Од училиштето посочуваат голема благодарност до сите ученици кои се определиле да станат дел од нив и им ги довериле своите средношколски години. Менаџерскиот тим посочува учениците да бидат сигурни дека го направија вистинскиот избор и дека избраа училиште во кое ќе стекнат квалитетно образование и практично искуство што ќе им овозможи директно да се вклучат на пазарот на трудот, но и соодветно да се  подготоват и да го продолжат образованието на високообразовните институции.

Сепак, едно потсетување за оние кои сè уште не се запишале или немаат конкретен одговор на прашањето: Каде понатаму?

СУГС „Владо Тасевски“ е средно стручно училиште во кое воспитно -образовната дејност се остварува според наставните планови и програми за средно стручно образование.  Застапени се три струки со следниве профили: електротехничка (електротехничар за електроника и телекомуникации и електромеханичар), сообраќајна (техничар за транспорт и шпедиција и техничар за железнички сообраќај) и машинска струка (машинско-енергетски техничар / техничар за производно машинство  и инсталатер за греење и климатизација. Наставата се реализира на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик (паралелките на албански наставен јазик работат во рамките на СУГС „8 Септември“).

Во учебната 2020/2021 година во СУГС „Владо Тасевски“, во соработка со германската компанија за медицинска пластика „Гересхајмер“, ќе се формира комбинирана паралелка во машинска струка, во која ќе се воведе нов профил техничар за производно машинство. Ќе биде спроведено тестирање на учениците и пет најдобри ученици ќе можат да реализираат практична настава во компанијата. Учениците од завршната четврта година ќе имаат можност да полагаат матура и да се запишат на факултет, а оние кои ќе одлучат да не продолжат понатаму со своето школување, ќе имаат можност за вработување во компанијата „Гересхајмер“.

Има многу причини да станете дел од најдоброто средно стручно училиште во Скопје. Направете вистински избор – инвестирајте во квалитетно образование.

Станете дел од тимот што победува!

Ве очекува СУГС „Владо Тасевски“

Треба да знаете
Последни објави