Search

Сугарески: Филипче нема да даде оствка и да ги остави граѓаните и државата на цедило

Поранешниот министер за транспорт и врска, Горан Сугаревски на Фејсбук застана во одбрана на министерот за здравство, Венко Филипче од кого опозицијата бара оставка поради големиот број на починати и заразени со Ковид 19.

-Никако не ми е јасно ова секојдневново барање Министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемијата. Аман бре луѓе. Човекот со целиот медицински пероснал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопшетнија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило, напиша Сугаревски.

Треба да знаете
Последни објави