Search

Сугарески: Наесен треба да заврши обновата на патот Тетово – Попова Шапка

По извршување на подготвителните работи во наредниот период ќе започне реконструкцијата на патот од Тетово кон Попова Шапка, а проценките се дека обновата ќе биде завршена до оваа есен, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски,  одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Тетово.

-Од она што сум информиран подготвителните работи комплетно беа завршени и поради временските услови  имаа одреден застој кој што веројатно следниот месец ќе биде надминат, така што очекуваме дека некаде до есен дека ќе биде комплетно реконструиран патот од Тетово до Попова Шапка кој што е 18 километри. Моите очекувања и она што изведувачот го вели, не очекуваме да има проблеми и едноставно некаде таму до есен комплетно треба биде завршен, рече Сугарески.

Парите за делницата се обезбедени од Светска банка. Со средства од оваа финансиска институција државата ќе ги помага локалните самоуправи во проекти од патната инфраструктура.

– Денес испратив писмо до градоначалниците да носат проекти за локални патишта. Со  70 милиони евра од Светска банка, државата преку Министерството за транспорт и врски ќе помогне да се направат улици и локални патишта. Со овој проект сметаме дека многу ќе помогнеме на општините со оглед дека немаат толкави буџети да се поправат многу патишта и улици, појасни Сугарески.

Министерот за транспорт најави работа и на автопатот Тетово-Гостивар каде, како што рече, ќе има одредени проширувања. Таму ќе интервенира Јавното претријатие за државни патишта.

Треба да знаете
Последни објави