Search

Сугарески: Градежништвото со раст од 2,8 отсто во вториот квартал

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески најави дека растот на градежништвото ќе продолжи и во наредниов период што според него се должи на реализацијата на иннфраструктурните проекти.

– Најавивме економска година и интензивно работиме на реализација на инфраструктурните проекти така што, резултататите се веќе видливи. Тоа го потврдуваат и последните податоци за Бруто Домашниот Производ за вториот квартал каде имаме раст од 3,1 отсто или само градежништвото бележи раст од 2,8 отсто, и со исто вакво темпо продолжуваме и во следниот период, изјави Сугарески по увидот на рехабилитацијата на регионалниот пат од Маврово до Никифорово.

Тој нагласи дека во ек е градежната офанзива низ целата земја и притоа се реализираат значајни проекти. Сугарески потенцира дека засилено се работи насекаде низ државата и како што рече, подобрувањето на состојбата на патиштата е од особено значење и за граѓаните и за компаниите, како дел од ветувањата за рехабилитација на целокупата патна мрежа.

Според министерот, во моментов низ земјава се реализираат инвестиции од преку 800 милиони евра во патната инфраструктура.

– Морам да спомнам дека се засилени и градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, континуирано се врши и проектирањето за изградбата на новиот автопат од Гостивар до Кичево, така да многу сме активни во овој дел во државата во подобрување на патната инфраструктура, подвлече Сугарески.

Треба да знаете
Последни објави