Search

Сугарески ги повика турските инвеститори да се вклучат во реализација на инфраструктурните проекти

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески оствари средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО) со кои разговараше за можноста турски инвеститори да се вклучат во реализацијата на инфраструктурните проекти во државата.

Сугарески ја образложи инвестициската програма за реализација на проектите во патната, железничката и комуналната инфраструктура и нагласи дека планот на Владата е изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа и изгрaдба на железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

– Турската стопанска заедница во Република Северна Македонија е важен фактор во развој на економијата и тука гледаме заеднички интереси. Разговаравме за сите инфраструктурни проекти, за новата реформа во законите што ја регулираат градежната дејност и ги повикав сите заинтересирани да се вклучат во нивната реализација. Ни претстои период со големи инвестиции и се надевам дека дел од нив ќе пројават интерес да се вклучат во изградба на капиталните објекти, истакна Сугарески.

На средбата, како што соопшти ресорното Министерство, се разговарало и за новиот Закон за урбанистичко планирање и новите решенија во Законот за градење.

Треба да знаете
Последни објави