Search

Сугарески: Ако е неопходно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села

Доколку е потребно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Владата има донесено мерка за намалување на 50 отсто на бројот на патници во меѓуградскиот превоз и патницитие да бидат најмалку два метра одалечени еден од друг. Согласно препораките на Кризниот штаб, Министерството за здравство и Владата доколку се смета дека е неопходно да се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села и таа мерка дополнително ќе биде донесена, рече Сугарески во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во моментов согласно препораките во сила е само препораката за сериозно намалување на бројот на патниците во меѓуградскиот превоз.

Секторот за санитарна контрола  16.03.2020 до 20.03.2020 зема 186 примероци за физичко-хемиска и 186 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави