Search

Суарес се враќа во Ла Лига

Шпанскиот играч од среден ред Денис Суарес повеќе нема да биде дел од лондонскиот Арсенал, тврдат британските медиуми.

Суарес, кој во јануари како позајмен играч со право на да биде купен дојде до Арсенал, ќе се врати во Ла Лига, односно Барселона, откако не успеа да го убеди тренерот на „топџиите” Унаи Емери да го задржи во клубот.

Шпанскиот репрезентативец одигра само 95 минути во шест натпревари во дресот на Арсенал во англиската Премиер лига и во Лига Европа.

Сепак, иако ќе се врати во Барселона, по се изгледа 25-годишниот Суарес нема да остане долго на Камп Ноу, откако Валенсија покажа интерес за едногодишно позајмување со право на негово купување за 10 милиони евра, понуда со која се согласиле челниците на каталонскиот клуб.

Треба да знаете
Последни објави