Search

Суарез со приватен авион летна за Италија

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Луис Суарез замина за Италија со приватен авион денеска во 13:15 часот, „пишува” Марка. Уругваецот полетал за Перуџа за да помине тестови пред да аплицира за италијански пасош.

Опцијата за замена на Барса со Јувентус се чини сосема веројатна, за разлика од пишувањата од последните денови, дека зделката е пред пропаст. Суарез тренираше утрово со соиграчите од каталонскиот тим непосредно пред да се качи во авионот.

Лучо бара плата од 10 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави