Search

Суарез објави при какви услови Меси ќе остане во Барса до крајот на кариерата

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез упати повик до клубот што да направи, ако сака да го задржи Лионел Меси до крајот на кариерата.

Според Уругваецот, Каталонците треба да создадат конкурентен тим, откако претходно Меси изјави дека шансите за триумф во Лигата на шампионите не се големи.

– Стравувањата се разбирливи, најмногу заради тоа што го рече тој, имено дека нема да го добиеме она што го сакаме, со тоа што го имаме. Тоа зависи од тоа како ќе реагира клубот. Меси е многу среќен овде, ова е неговиот дом. Ако клубот го стори тоа што требаше да стори и направи конкурентен тим, би било одлично за него и тој ќе остане до крајот на кариерата во клубот, рече Суарез

Според него, клубот ја сфатил неговата порака.

– Нормално е клубот да сака најдобриот играч на светот да остане во клубот. Се надевам дека тој останува, посочи тој.

Уругваецот потоа се осврна на конкуренцијата во нападот, откако беше регрутиран Мартин Брајтваит.

– Знам колку години имам и дека морам да се ограничувам на моменти, но конкуренцијата е добра за тимот, вели Суарез.

Треба да знаете
Последни објави