Search

Студeнти и средношколци на отвоерен ден во Кривичен по повод Европскиот ден на правдата

По повод Европскиот ден на правдата – 25–ти октомври, Основниот кривичен суд Скопје во соработка со Коалицијата „Сите за правично судење”, организраше отворен ден на судот на кој присуствуваа студeнти од ФОН и средношколци – дел од програмата „Учиме право” при Младинскиот образовен форум.

Студeнтите и средношколците, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, имале можност да се запознаат со работата на судската служба, стручните соработници, техничките услови за работа во  судниците како и разговор со судија за начинот на водење на Кривичните постапки и сите предности и предизвици кои ги носи судиската финкција.

-Отворениот ден на судот, е дел од заложбите на Кривичниот суд за поголема транспарентност и отчетност пред јавноста како и соработка со невладиниот сектор, граѓанските асоциации и Правните факултети. Денешниот настан е и повод како суд да упатиме апел до сите студенти по право да  ја искористат можноста за волонтирање и стажирање во рамки на Кривичниот суд, како место каде може да се стекнат со основното знаење и искуство за работа и градење кариера во правосудниот систем, стои во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Треба да знаете
Последни објави