Search

Студент од Мериленд прв човек успешно вакциниран против Ковид-19?

Дипломец од Мериленд верува дека можеби е еден од првите луѓе што успешно се вакцинирале против коронавирусот откако учествувал во студија која објавила ветувачки рани резултати во производството на антитела, пренесува „Њујорк пост“.

Дејвид Реч, дипломиран студент по имунологија, е првиот човек кој добил вакцина во студијата на Универзитетот во Мериленд во мај, каде што американскиот фармацевтски гигант „Фицер“ и германската фирма BioNTech работат заедно во глобалната трка за создавање вакцина.

Сега, раните индиции покажуваат дека вакцината функционира со стимулирање на растот на антитела со стапки еднакви или повисоки од луѓето кои се заболени.

„Вистинско олеснување е да се види дека ова всушност дава резултати, дека вакцината произведува антитела“, изјави Реч.

Реч не може да биде сигурен дaли добил вистинска вакцина или солен раствор за плацебо ефект, но по малата реакција од неговата втора доза, тој е убеден дека е еден од ретките луѓе во светот вакцинирани против Ковид-19.

Како и да е, ќе поминат неколку месеци пред да бидат темелно оценети резултатите затоа што научниците треба да знаат колку долго ќе траат антителата и дали Реч ќе се покаже имун на вирусот ако во меѓувреме се соочи со него.

Тој треба да биде тестиран во октомври за да се утврди дали има имунитет против вирусот.

Ако студијата се покаже успешна, „Фицер“ рече дека ќе произведе 100 милиони дози пред крајот на годинава и повеќе од милијарда дози следната година.

Научниците во светот се во трка за да развијат вакцина, за која се смета дека е единствениот сигурен начин да се доведе пандемијата во мирување и да се овозможи животот да се врати во нормала.

Треба да знаете
Последни објави