Search

Стриминг платформата „Дизни+“ од летово ќе биде достапна и во Македонија

Стриминг платформата „Дизни+“ потврди дека ова лето ќе ги прошири услугите ширум Европа, Африка и Западна Африка, односно во 42 земји, меѓу кои и Македонија, како и на 11 територии.

Освен во Македонија, „Дизни+“ ќе биде достапна и во земјите од регионот како Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Србија и Турција.

Не се откриени датумите кога платформата ќе биде достапна во секоја поединечна земја, а не е објавено и колку ќе чини претплатата за платформата. Висината на претплатата во САД е 8 долари месечно за Disney Plus или 80 долари годишно.

Платформата која дебитираше во САД, Канада и Холандија во 2019 година се посвети на глобална експанзија за да се компензира забавувањето на бројот на претплатници во Северна Америка. Платформата достигна 118 милиони претплатници во четвртиот квартал од минатата година.

Една од сериите што е ексклузивно на платформата се  „Симпсонови“ како и сагата „Војна на ѕвездите“. Има и модерни телевизиски класици, како што се „Изгубени“, „Модерно семејство“, „Како ја запознав мајка ти“, „Футурама“…

На својот домицилен американски пазар, Disney Plus нуди и т.н опција за Premier Access каде за дополнителни 30 долари добивате можност да гледате наслови кои сè уште  играат во кината.

Треба да знаете
Последни објави