Search

Страшна експлозија во Керчката Теснина, 10 мртви

Најмалку 10 члена на екипажот загинаа во пожарот што ги зафати бродовите „Канди“ и „Маестро“ во Керчката Теснина.

„Бродовите пловеле под знамето на Танзанија и се запалиле кога на едниот од нив се случила експлозија“, соопшти прес-службата на сојузната Агенција за морска и речна пловидба на Русија, пренесе „Спутник“.

Според првичните податоци, причина за пожарот на танкерите со природен течен гас е протекувањето гориво, истакна портпаролот на Агенцијата.

Досега се спасени 14 морнари.

Како што претходно беше соопштено, на бродовите имало 31 член на екипажот.

Треба да знаете
Последни објави