Search

Стратегијата за намалување на штетите од тутунот одличен начин за превенција на болестите врзани за пушењето – смета лекарската фела

Пушењето е еден од најзначајните ризик фактори за појава на одредени болести кои доведуваат до смртни последици. Болестите до кои доведува пушењето сепак не се врзани за никотинот, кој како природна состојка го има во тутунот и кој е високо зависен, но некарциноген, туку со тутунскиот чад.

Со оглед на фактот дека откажувањето од цигарите оди многу тешко и покрај сите зголемувања на цените и други рестриктивни мерки, многу земји се свртеа кон Стратегија за намалување на штетата од тутунот. Односно, кон промоција на употреба на иновативни, помалку штетни алтернативи на цигарите. На овој начин возрасните пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат, ќе продолжат да уживаат во ритуалот кој го сакаат и во никотинот, но со многу помали штети по нивното здравје, а што може да има далекусежни позитивни ефекти по вкупното јавното здравје. Со овој начин на справување со заканата од пушењето и тутунскиот чад се согласува и медицинската фела која на оваа тема дискутираше на неодамнешната конференција „Tobacco Harm Reduction Media Meeting” која на 10 септември се одржа во главниот град на Бугарија, Софија. Според Дејвид Кајат, специјалист онколог, професор на универзитетите во Парис и Хјустон и еден од изработувачите на француската Национална стратегија за контрола на ракот – и покрај сите напори направени за борба против ракот на глобално ниво, пушењето, интензитетот и долгото траење на изложеност на канцерогени материи предизвикани од согорувањето на тутунот сепак претставуваат огромен ризик за оваа болест.

„Од чадот кој се создава со согорување на цигарите се изолирани преку 7000 хемиски соединенија, 90% од нив токсични и штетни. Односно, околу 80 соединенија кои ги содржи чадот се докажано карциногени или потенцијално карциногени. На температура до 350 степени целзиусови нема согорување на тутунот, додека над  350 целзиусови степени листовите од тутун согоруваат, а со горењето започнува формирање на карциногените соединенија. Колку повеќе сте изложени на карценогени соединенија, толку е поголем ризикот за развој на рак“, објасни светски познатиот онколог.

Сепак, како што рече тој, откажувањето од пушењето оди многу тешко, што е потврдено со многу студии. Пушачите прават меѓу 6 и 30 обиди за откажување од пушењето и истите, се разбира најчесто се неуспешни. Дури 64% од пациентите кои имаат дијагностициран канцер продолжуваат да пушат. Затоа, како што вечи тој, она што може да го направиме е да се обидеме да го намалиме ризикот од навиките, т.е. да се намалат штетните последици, за оние кои не можат да се откажат од самата навика. Кајат потсети дека Агенцијата за храна и лекови на САД (ФДА), минатиот месец ја објави одлуката IQOS да може да се класифицира во категоријата производи со модифициран ризик и дека по направените строги анализи и преглед на научните докази, информирањето на потрошувачите за намалената изложеност на штетни материи при користење на овој уред, е во согласност со промоцијата на јавното здравје. Така, овој систем за греење на тутун официјално стана првиот и единствен електронски производ кој користи никотин, а кој ФДА го класифицираше во оваа категорија.

Неговиот колега, онколошкиот хирург Ефраин Камбронеро од Костарика, исто така се согласува дека е многу важно да се намали смртноста и појавата на болести поврзани со потрошувачката на тутунски производи, и тој апсолутно се залага за Tobaco Harm Reduction стратегијата.

Концептот на намалена штетност од тутунот не е новитет. Систематски напори На ова поле се одвиваат уште од почетокот на минатиот век. Крајната цел на било кој пристап за намален ризик е намалување на смртноста поврзана со користењето на тутун, дури и ако не престане изложеноста на соединенијата кои ги испушта тутунот (дефиниција од Американскиот Институт за медицина во 2001 г.)“, истакна Камбронеро.

Тој го потенцираше фактот дека не постои апсолутно безбеден начин за употреба на никотин и изложеност на тутун, но дека ако веќе не е можно да се запре со пушење, најмалку штетно решение се т.н. „бездимни“ алтернативи.

Таканаречените „тешки“ пушачи би можеле да имаат најголема корист од префрлувањето на производи што греат наместо да горат тутун, затоа што на тој начин можеби ќе можат да си го спасат животот. Производите каков што е IQOS содржат помалку штетни материи. Сепак, потребно е време да се видат ефектите од стратегијата за намалување на штетата од тутун. Сигурно е дека прво ќе има забележително намалување на компликации во бременоста и кардиоваскуларните заболувања, додека ќе мора да почекаме за видливи резултати во намалувањето на бројот на заболени од карцином“, истакна Камбронеро .

За опасноста од пасивното пушење, кое особено може да има негативно влијание врз децата и адолесцентите зборуваше др. Рада Прокопова,раководител на Клиниката за кардиологија на болницата за интерни болести во Софија.

„Пушењето е директно и 100% поврзано со оштетувањето на крвните садови, а бидејќи крвните садови се распространети низ целото тело, тоа значи дека пушењето причинува штета и на целиот организам. Кога станува збор за кардиоваскуларни болести, важно е да се напомене дека постојат ризик фактори кои се реверзибилни и нереверзибилни. Пушењето претставува реверзибилен ризик фактор, а воедно е и втор по важност фактор за појавата на кардиоваскуларни заболувања“, вели таа. Прикопова потенцираше дека е познато дека катранот и придружните надразнувачки соединенија кои се содржат во чадот од цигарите предизвикуваат карцином на белите дробови и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), но малкумина се запознаени со фактот дека тие предизвикуваат и срцева слабост, која е поголем причинител на фатален исход, споредено со ХОББ.

„Човечкиот ум бара брзи задоволства и тоа е една од причините зошто луѓето нема да престанат да пушат. Но, тие треба да престанат да ги тероризираат сите други околу нив, особено децата, бидејќи ризиците од пасивно пушење се огромни. Важно е пушачите да станат свесни и да разберат до кој степен ги загрозуваат другите – смета Прокопова додавајќи дека затоа е важно на пушачите да им се нудат помалку штетни алтернативи.

 

Треба да знаете
Последни објави