Search

Страотна сообраќајка вечерва во Кавадарци, градот без струја

Страотна сообраќајка вечерва во Кавадарци, градот без струја

Страотна сообраќајна несреќа ноќеска се случи во Кавадарци, на улицата Пионерска пишува Фокус.

Според првичните информации, автомобилот се движел со голема брзина по што изгубил контрола. Во автомобилот немало сопатници, а возачот, на возраст од триесетина години, се здобил со тешки телесни повреди.

Предизвикана е и голема материјална штета, а дел од градот е без струја.

Извор: Фокус

Треба да знаете
Последни објави