Search

Странците во Црна Гора инвестирале речиси 600 милиони евра

Нето-приливот на странски директни инвестиции во Црна Гора изнесува 218,39 милиони евра во првите девет месеци од 2018 година, покажуваат прелиминарните податоци од Централната банка на Црна Гора.

Од странските инвеститори во Црна Гора вкупно се слеале 588,8 милиони евра, но се одлеале дури 370,41 милиони евра, така што конечниот износ e помал од истиот период минатата година кога изнесувал 311,62 милиони евра, пишува дневниот весник „Дневне новине“.

Најголем дел од странските директни инвестиции се однесуваат на вложувања од нерезиденти, врз основа на кои во Црна Гора пристигнале 569,24 милиони евра. Конкретно, во црногорските компании и банки инвестирани се 231,87 милиони евра, 133,57 милиони се од продажбата на недвижности, додека долгот на интеркомпанискиот долг и натаму е на високо ниво од 203,8 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави