Search

Странски студенти по дипломирањето ќе можат да останат во Британија две години

Странските студенти ќе можат да останат во Велика Британија две години откако ќе дипломираат и бараат работа, објави денеска Владата во Лондон.

Тие досега беа во можност да останат во Велика Британија само четири месеци по завршувањето на студиите според правилата донесени од поранешната премиерка Тереза ​​Меј, додека беше министер за внатрешни работи.

– Културниот и економскиот придонес на меѓународните студенти за нашата земја и универзитетит е важен. Нивното присуство е од корист за Велика Британија, рече министерот за образование Гавин Вилијамсон.

Тој додаде дека универзитетите се стремат да бидат отворени глобални институции. – Со воведувањето на визите за постдипломски студии, ние гарантираме дека нашиот престижен образовен сектор продолжува да го привлекува најдобриот талент од целиот свет кон глобалната Велика Британија”, додаде Вилијамсон.

Владата наведува дека новите правила ќе им овозможат на студентите да работат или да бараат работа со кое било ниво на вештина. Потоа, тие можат да се префрлат на виза за квалификуван работник доколку ја пронајдат работата за која се квалификувани.

Нема да има ограничување на бројот на студенти кои можат да аплицираат за визи по дипломирањето. Околу 450.000 меѓународни студенти учат годишно во Британија.

Треба да знаете
Последни објави