Search

Странски амбасади демантираат, од хистеријата на Мицкоски и Милошоски прегоре системот за лажни вести

Нема ден, а да не биде демантирана некоја лажна вест излезена од системот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ кој очигледно деновиве прегоре од хистеријата на Христијан Мицкоски и неговиот послушник Антонио Милошоски.

Последните деманти се доказ како лажните вести и хистеријата што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги шират на штета на државата и државните позиции, на крајот им се удираат од глава.

Пропаднаа во вода лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Милошоски дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија.

Уште еднаш се потврди дека се што излегува од белиот дворец под стечај е невистина и измислица. Лага на штета на националните и државни интереси, на штета на интересите на граѓаните.

После толку многу потврдени лаги, после толку многу деманти, во ВМРО-ДПМНЕ никако да научат дека вистината секогаш излегува на виделина.

Треба да знаете
Последни објави