Search

Стравот од коронавирус кај децата може да предизвика анксиозност

Додека се чини дека кај многу деца, вирусот предизвикува само релативно благи симптоми, психолошките ефекти од пандемијата на КОВИД-19 врз најмладите во вид на анксиозност може да бидат далеку потрауматични, велат експертите.

До сега непознати термини како што се пандемија, изолација и затвор може да се слушнат на детските игралишта, велат психотерапевтите.

„Загрижен сум дека можеби имаме генерација на деца кои ќе страдаат од анксиозност“, вели Ники Чопра, семеен лекар од јужна Англија кој има две ќерки, на возраст од две и четири години

Тој вели дека неговата постара ќерка, инаку разиграно и безгрижно дете, се вратила дома од градинка минатата недела и рекла: „Ако не миеме раце, би можеле да умреме“.

Еден детски психотерапевт од Лондон посочува дека сегашните детски игри и зборовите што ги користат децата на остар начин одразуваат „нов свет“, пренесува Ројтерс.

Децата дури измислиле нова верзија на играта инаку позната како „шуга“, во која оној што е ќе биде прв допрен оди во „изолација“ и ако тоа му се случи повторно, тогаш тој е „мртов“.

Психотерапевтот вели дека кинеските деца биле малтретирани во училиштата и им било кажувано дека се „валкани“ и „одвратни“ затоа што „јадат змии и кучиња“.

„Децата не се лоши, но нивниот страв е толку голем што можат да го проектираат само на другите за да добијат одредено чувство за контрола“, вели овој експерт.

Затоа, наместо да паничат и самите, возрасните – родители, соседи, наставници и пријатели – мора да дејствуваат на начин што ќе има смирувачки ефект врз децата, велат експертите.

Треба да знаете
Последни објави