Search

Стојковски од ПРОЕФЕКТ: Арсовска има големо непознавање на европските фондови

Основачот на консултантската организација ПРОЕФЕКТ Иново, Зоран Стојковски, поранешен проектен координатор во Програмата на УСАИД за граѓанско општество, обучувач и експерт за менаџмент на проекти, во објава на Фејсбук ја коментира кандидатката за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и нејзината најава за набавка на 250 автобуси.

Стојковски потенцира дека Арсовска има големо непознавање во однос на Европските фондови, особено во делот на програмата Хоризонт 2020, која е веќе завршена и додека беше активна обработуваше проекти од областа на истражувањето и иновациите, а не набавки на автобуси.

„Програмата за иновации и истражување на ЕУ има име ХОРИЗОНТ ЕВРОПА (ХЕ) за периодот 2021-2017. Таа претходно имаше име ХОРИЗОНТ 2020 (2014-2020), претходната беше FP7 (2007-2013), итн. Нема нова транша која се вика ХЕ. Тешко е да се разбере вака комплексна програма како ХЕ, која има вкупен буџет 97 милијарди евра за 7 години (2021-2027). Во делот „Клима, Енергија, Мобилност“ во рамките на втората компонента на ХЕ „Глобални предизвици, и европска индустриска конкурентност“ се финансираат проекти против загадувањето, зелениот транспорт, и сл. но не за типот на (популистички) проекти со кои нашите политичари (во најава) би си го подобриле рејтинг пред гласачите“, пишува во својата објава Стојковски.

Хоризонт Европа не финансира инвестиции од типот на набавки на еко-автобуси, туку може да финансира иновација или иновативен проект како модел кој ќе ги намали емисиите на штетни гасови во атмосферата, или ќе ја намали потрошувачката на гориво. Финансирањето оди од неколку милиони евра до максимум 15 милиони евра во исклучителни случаи кога има повеќе учесници и држави.

„За вакви набавки што Данела ги најавува, се знае кој ќе плаќа – тој што сака да го реализира проектот, значи да, може да се кредитира, но не и да се обезбедат преку грант. Плус за да се добие грант од Хоризонт Европа, мора да има партнерства со правни субјекти од други држави (академски институции, компании, центри за иновации, општини, и т.н.). Тоа значи и да се добие проект од 3 милиони евра или повеќе (најчесто тоа е просекот за вакви проекти) тој треба да е раздели помеѓу партнерите“, заклучува во својата објава Стојковски.

Треба да знаете
Последни објави