Search

Стојан Ѓуроски е позитивен на коронавирус, нема да патува за Талин

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров на квалификациските дуели против Естонија и Италија нема да може да смета на услугите на Стојан Ѓуроски.

Репрезентативното крило доби позитивен резултат на задолжителното ПЦР тестирање од коронавирус кое го направи по враќањето во Аликанте.

„За жал, нема да можам да му помогнам на националниот тим за Битките во Талин. По враќањето во Скопје, каде мораше да средам некои технички работи поврзани со работната дозвола за Шпанија, бев тестиран од страна на клубот. Тестот се покажа како позитивен, а тоа ме однесе во самоизолација“, потврди Ѓуроски за КФСМ.

Треба да знаете
Последни објави